РЕФОРМ5 придонесува кон подобрување на јавните политики, развој на човечкиот капитал и забрзување на реформските процеси преку истражување, едукација и спроведување проекти.
РЕФОРМ5 е непрофитна, невладина организација креирана со цел да придонесе кон економски, технолошки и институционален развој на Република Северна Македонија.
Пристапот на здружението е усогласен со клучните политики на Европската Унија, вклучително и агендите за конкурентност и слободен пазар, дигитална трансформација, зелена транзиција и развој на човечкиот капитал.
Здружението својата работа ја заснова на принципите на законитост, транспарентност, јавност, професионалност и одговорност.
Модерно, економски развиено и дигитално трансформирано општество со ефикасни институции, конкурентна економија, слободен пазар и високо ниво на благосостојба, интегрирано во Европската Унија.
Придонес кон подобрување на јавните политики и забрзување на реформските процеси во областа на економијата, технологијата и институциите, како и развој на човечкиот капитал, преку истражување, едукација, застапување и спроведување на проекти.
Унапредување на економските политики, зголемување на продуктивноста и конкурентноста, подобрување на бизнис климата, поддршка на мали и средни претпријатија, поттикнување на инвестиции и извоз.
Дигитализација на економијата и институциите, развој и примена на иновации и нови технологии, анализа и примена на вештачка интелигенција, поддршка на зелена транзиција и одржлив развој.
Унапредување на менталното здравје кај младите, развој на животни и професионални вештини, поддршка на ранливи категории, зголемување на вработливоста.
Поддршка на реформски процеси, усогласување со европски стандарди, поттикнување регионална соработка, јакнење на институционални капацитети.
Транспарентно и отчетно управување, владеење на правото, ефикасно користење на јавни ресурси и учество на граѓаните во процесите на одлучување.
01 October 2026
Денес програмскиот координатор Ристе Костовски присуствуваше на презентација на тема, Artificial Intelligence: The Missing Link in the Design of Software Products каде што истакна дека за поголема ефикасност и продуктивност потребен е фокус на локализираниот микро пристап на апликабилност на AI.
Прочитај
01 October 2026
Димитар Ковачевски основачот на Reform5 присуствуваше на „EU Meets the Balkans 5.0“ во Sofia Tech Park. Добра можност за разговори и размена на мислења со претставници од европските и WB6 земји, политичари, експерти, претприемачи и претставници на тинк-тенкови. Фокусот беше на геополитичките предизвици, регионалната соработка и европската интеграција во актуелново конкурентско опкружување. Благодарност до организаторите, […]
Прочитај
30 June 2026
Менталното здравје претставува едно од најголемите прашања со кои се соочуваат младите во Северна Македонија. Според истражувањето „Состојбата на генерацијата 2025“ (State of the Generation 2025), спроведено од РЕФОРМ5, дури 83% од младите сметаат дека менталното здравје, депресијата и анксиозноста се меѓу најсериозните предизвици за нивната генерација. Истражувањето е спроведено на национално ниво и опфаќа […]
Прочитај
18 August 2026
Александар Талимџиоски 1. Вовед и методолошка рамка Во последниот период, јавниот дискурс во Северна Македонија е одбележан со оптимистички изјави од страна на претставници на извршната власт, кои ја истакнуваат земјата како една од водечките економии во Европа според стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП), нагласувајќи ја стабилизацијата на инфлацијата и подобрувањето на животниот […]
Прочитај
13 August 2026
Ристе Костовски Намалениот број на запишани ученици во прво одделение и останатите демографски индикатори се потенцијален ризик за структурна ранливост на економијата на долг рок. Минативе денови излезе податок дека околу 4900 првачиња помалку од минатата година. Доколку паралелно со овој индикатор се земат и останати показатели, како што се: прoцентуална годишна промена, нето миграциското […]
Прочитај
30 July 2026
Економска анализа на импликациите од воведувањето на финалната фаза на CBAM од 1 јануари 2026 година врз индустрискиот сектор и макроекономските текови во Република Северна Македонија. 1. Вовед и контекст на регулативата на ЕУ Механизмот за прекугранично јаглеродно прилагодување (Carbon Border Adjustment Mechanism – CBAM) претставува еден од клучните столбови на пакетот „Подготвени за 55“ […]
Прочитај